Министерство за здравство: Тодоров не е советник во МЗ, во јавноста се шири стара вест која не е вистинита

Во јавноста почна да се актуелизира и шири стара вест, која не е вистинита и е изјава на претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, објавена во април годинава како нова вест, дека наводно во Министерството за здравство како советник работи поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

 

Министерството за здравство информира дека оваа вест не е точна и демантирана е уште во месец април. Никола Тодоров не е советник во Министерството за здравство.

 

Министерство за здравство





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.