Кавадарчанец тешко повреден во сообраќајна несреќа

Кавадарчанец на возраст од 60 години бил тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во Кавадарци, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. 

 

 -Сообраќајната незгода се случила на ул. ,,Шишка“, помеѓу патничко возило „опел корса“ со кавадаречки ознаки, управувано од З.М. (60) од Кавадарци и патничко возило „фолксваген голф“, исто така со кавадаречка регистрација, управувано од кавадарчанецот  М.Г.(61), појасни Додевски.

 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.М. кој бил пренесен во кавадаречката болница.Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.