Во Маврово дводневна изложба на кучиња

 Во Маврово викендов ќе се одржи 12-та меѓународна изложба на расни кучиња „ЦАЦИБ Маврово 2019“. Оваа изложба под падините на Бистра, во организација на Кинолошкото друштво „Скардус“ од Гостивар се одржува шести пат.

 

– Првиот ден ќе се оценуваат 49 раси, а вториот 50. Пријавени се изложувачи од 11 земји, ќе имаме гости од Полска , Франција, Словачка, Русија, Украина и други земји од соседството. Интересно е што имаме и учесник кој со неговиот миленик ќе дојде од градот Кабаровск што се наоѓа на Руско-кинеската граница, а за оваа прилика тие патуваат над дваесет илајди километри. Покрај натпреварувачкиот дел планираме и дружење со сопствениците и размена на искуства, изјави за МИА Миле Алексоски од „Скардус“ од Гостивар.

 

За оценувањето на кучињата ќе се погрижат судии со меѓународно искуство: Душан Пауновиќ, Ненад Мариќ и Србија, Владо Пискај од Словачка и Михајло Костовски од Република Северна Македонија.

 

Организатори се Кинолошкиот сојуз на Македонија и КД „Скардус“ од Гостивар. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.