Заев очекува од Мицкоски и Касами да го поддржат Предлог законот за јавно обвинителство
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 19 Јули 2019
Премиерот Зоран Заев очекува дека првите луѓе на опозициските ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА Христијан Мицкоски и Билал Касами ќе излезат со заеднички став од денешната средба што се одржуваше паралелно со неговата прес-конференција во Владата и оти ќе го поддржат новиот Предлог-закон за Јавно обвинителство.
-Веројатно ќе излезат со заеднички став дека е сега време да застанеме и да поддржиме нешто за кое и опозицијата се залага, вели Заев.
Заев на прес-конференција во Владата, појасни дека со законското решение се предлага Специјалното јавно обвинителство да се интегрира во досегашното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кое ќе добие назив Јавно обвинителство за гонењ организиран криминал и висока корупција.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс