Министерот Хасан на работна средба со Стопанската комора на Јалова

 Новите економски политики и подобрената бизнис клима во земјата што е привлечна и за домашни и за странски инвеститори, беа во фокусот на средбите што министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан ги оствари со претставници на Стопанската комора во турскиот град Јалова.

 

Министерот Хасан на претставниците на Комората им ги презентираше новите измени на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, кои беа усвоени со цел да се подобрат условите за деловно работење и да се зголемат инвестициите со што ќе се поттикне економскиот раст на македонската економија, соопшти неговиот Кабинет.

 

На средбата исто така се дискутирало и за актуелни прашања и предизвици во поглед на бизнисот и инвестициите, а министерот Хасан ги покани претставниците на Стопанската комора да ја посетат нашата земја, да го увидат нејзиниот потенцијал и ги охрабри да инвестираат во Република Северна Македонија.

 

Во рамки на посетата, министерот имаше и работни средби со градоначалникот на Јалова, Вефа Салман и со гувернерот на округот Јалова, Муамер Ерол.

 

На средбите се разговараше за актуелните регионални случувања, можноста за проширување и продлабочување на соработката помеѓу Турција и Северна Македонија, а воедно беше изразено и задоволство за добрите пријателски односи од двете страни, стои во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.