Лежечки полицајци поставени во Гевгелија и Негорци

На најфреквентните улици во Гевгелија и Негорци поставени се десет лежечки полицајци со цел да се успори брзината на движење и да се обезбеди поголема безбедност на пешаците.

 

– Од десетте поставени успорувачи на брзината, седум се уредени според најновите стандарди, односно имаат широчина од четири метри и истовремено се одбележани и како пешачки премини, информираат од општината.

 

Вакви лежечки полицајци се поставени на места во градот каде движењето на пешаците е најголемо, како пред училиштата, детските градинки и игралишта и пред големите супер маркети, а класични лежечки полицајци се поставени на влезот и пред училиштето во Негорци, како и пред детското игралиште во Серменинска маала во Гевгелија.

 

Наредниве денови е најавено поставување и на соодветна вертикална сигнализација.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.