Катица Јанева во 13 часот во СЈО ќе даде изјава за медиумите

 Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во 13 часот во просториите на СЈО ќе даде изјава за медиумите. Информацијата е објавена на веб страницата на Специјалното јавно обвинителство.

 

Јанева, која даде оставка на функцијата, денеска се појави во просториите на Специјалното јавно обвинителство. Таа од минатиот вторник беше на боледување, откако во понеделникот си даде оставка на функцијата. Од тогаш не беше достапна за јавноста.

 

Јанева се поврзува со случајот „Рекет“ поради што и беше одземен телефонот и даден на вештачење. Јавното обвинителство соопшти дека вчера бил пронајден и одземен и вториот нејзин телефон за кој се тврдеше дека е загубен. Пронајден е кај лице кое изјавило дека му бил даден на подарок. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.