СДСМ: Мицковски уште еднаш докажа дека не му е грижа за правдата и владеењето на правото

Христијан Мицкоски уште еднаш докажа дека не му грижа за правдата, не му е грижа за владеењето на правото, неговата единствена грижа е да го одбрани криминалот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. 

 

Предлогот на Мицкоски, Владимир Панчевски да биде прв човек на новото Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција е предлог за враќање на „Сваровски“ судството кое работеше по инструкции од белиот дворец. 

 

Мицкоски останува посветен на одбрана на криминалот и дејствување против правдата, против интересите на граѓаните и државата.

 

Заврши времето кога политичари бираа јавни обвинители. 

 

Панчевски е олицетворение на „Сваровски“ судството преку кое ВМРО-ДПМНЕ ја урнисуваше правната држава и ги погазуваше човековите права и слободи.

 

Мицкоски е олицетворение на режимот на ВМРО-ДПМНЕ кој го инсталираше таквото судство. 

 

Додека сите работат на изнаоѓање законско решение кое ќе ја зајакне борбата против организираниот криминал, Мицкоски „мртов – ладен“ го кандидира Панчевски, кој е обвинет за злоупотреба на АКМИС системот и кој давал насоки кој предмет кај кој судија да биде распределен. 

 

Јавноста многу добро знае кој е Владимир Панчевски, човекот кој во центарот на Скопје градеше дивоградби кои потоа сам ги уриваше, човек кој беше осуден за мобинг врз судии. 

 

Тоа се репутацијата и кредибилитетот на Панчевски за кои денеска зборува Мицкоски. 

 

Мицкоски очјано посакува враќање на „Сваровски“ судството под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, но тој филм нема да го гледа.

 

Борбата против корупцијата и организираниот криминал е бескомпромисна и не познава партиска припадност.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.