Влада: Предлог планот против дезинформациите прв чекор кон дебата за потребата од акција против лажните вести

Владата на Република Северна Македонија со посветеност и внимание ја следи дебатата што се развива по најавата за подготовка за План за одлучна акција против ширење дезинформации, се наведува во соопштението од Влада.

 

Како што велат од владината прес-служба, конструктивната дебата само потврдува колку е важна и суштинска потребата од подготовка на една таква сеопфатна иницијатива во која задолжително ќе бидат вклучени сите засегнати и сите заинтересирани страни, медиуми, организации, новинари и граѓани кои се определени против злото наречено лажни вести кое ја загрозува демократијата.

 

– Самата дебата, со целиот нејзин интензитет, е првиот чекор кој го поттикна најавата. Владата на Република Северна Македонија уште еднаш најавува дека преку својата улога на засегната страна која иницира дискусија, ќе обезбеди широк простор за јавна дебата, вклученост на сите засегнати и носење одлуки преку заедничко разбирање и договор, се вели во соопштението од Влада.

 

Оттаму велат дека секоја организација, поединец, добра идеја и предлог е добредојдена, зашто дезинформациите и манипулациите со злоупотреба на новите технологии е зло кое ги засегнува сите, и затоа битката против оваа закана им припаѓа на сите.

 

– Во наредниот период Владата на Република Северна Македонија ќе иницира серија дебати, трибини и други средби и работилници како шанса за сите да го дадат својот придонес. Истовремено, Владата ќе ги прифати сите слични иницијативи организирани од сите релевантни организации кои ќе се вклучат во подготовката за финален заеднички План за одлучна акција против ширење дезинформации. Лажните вести доаѓаат од темната страна. Да ги изложиме сите заедно на светлината на вистината, се наведува во соопштението од владината прес-служба.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.