Средба Арифи-Рикер: Евроатланските интеграции најсуштински за државата

Вршителот на должноста помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер при денешната посета на Тетово, разговараше со тетовската градоначалничката Теута Арифи.

 

Во придружба на Рикер, во градот првпат по нејзиното именување на функцијата, престојуваше и американската амбасадорка во Северна Македонија, Кејт Бернс.

 

– Тетово е градот кој има големо влијание и во економскиот и во политичкиот живот во вашата земја. Ја поздравувам заложбата на градоначалничката за евро- и НАТО-интеграциите на земјата, истакна Рикер на средбата со градоначалничката Арифи.

 

Арифи, од своја страна, искажа цврста заложба за што побрза интеграција на земјата во ЕУ и НАТО, а посочи на потребата од идна уште попродуктивна соработка.

 

– Му благодариме на Филип Рикер за поддршката и соработката што Тетово ги добива од страна на САД. На денешниот состанок централни теми беа билатералните односи и патот на Северна Македонија кон членство во НАТО и ЕУ, а беа разменети и мислења за состојбите во регионот, истакна Арифи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.