„Ла Верита“ и денеска објави нови разговори

Интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“ и денеска објави нова снимка од разговор меѓу Јордан Орце Камчев и Бојан Јовановски (Боки 13) за случајот „Рекет“. 

 

Нема датуми за да се види кога и како се снимани дали се тоа е во неколку дена или трае со месеци. Во денеска објавената снимка разговараат за процедурата за предметот „Империја“ на СЈО во која е осомничен Камчев.

Тука во еден разговор е вклучена и специјалната обвинителка Катица Јанева, која посредно преку разговорот Камчев –Боки 13 суфлира и дообјаснува процедури. 

Боки13 и Камчев во еден дел на снимката го спомнуваат и премиерот Зоран Заев, а Боки 13 најавува дека ќе се сретне и ќе проба да го наметне Камчев, но нема детали каде и како ќе биде организирана таа средба, дали случајно или наменски само на Заев и Боки13. 

Во последната трета снимка нема видео за да се види каде и како се одвиваат разговорите и сето тоа е потпрепен само со транскрипција на разговорот. 

Од Јавното обвинителство соопштија дека снимките не се добиени од Обвинителството, туку дека станува збор за аудио и видео материјали што се дел од доказната постапка во предметот, а кои до Јавното обвинителство биле доставени од сведок во предметот. 

Расчистување на случаите за кои се води истрага побара премиерот Зоран Заев.

-Истрагата мора да ги открие сите детали. Секој да одговара за своите постапки. Граѓаните заслужија правда, напиша Заев на својот Фејсбук профил. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, исто така, на Фејсбук, повика да понесат одговорност тие што се огрешиле пред законот, и праша зошто Катица Јанева не е во притвор.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.