Пендаровски: „Рекет“ мора да биде расветлен, правната држава на огромен тест

Претседателот Стево Пендаровски дава целосна поддршка на надлежните институции, а особено на обвинителството и судот за расветлување на случајот „Рекет“ и најави дека ќе ги употреби сите уставни  и законски овластувања за да ги заштити од притисоци.

 

Ќе ги  употреби, како што рече денеска на прес-конференција, и сите законски овластувања да  ја заштити националната безбедност од евентуалните  обиди за нејзино нарушување, било од внатре, било од надвор.

 

– Оваа тешка ситуација ја става на огромен тест правната држава, надлежните институции, и сите нас –  одговроните политичари. Ако надлежните правосудни органи ја истераат работата до крај, а очекувам  да биде така и никако поинаку, во тој случај, ќе докажеме дека навистина функцинира всистемот, а тоа енајдобриот начин да се врати довербата на граѓаните и на целокупмната  јавност во органите на прогонот. Во спротивно ризикуваме нашите граѓани да ја згубат вербата во сиоте нас политичарите и во својата држава, но овојпат дефинитивно, рече Пендаровски.

 

Тој побара од надлежните институции ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот „Рекет“, како и одговорност за сите инволвирани во случајот.

 

Мора да има одговорност и казни  за сите чија вина ќе се докаже без разлика дали станува збор за обвинители, членови на политички партии, бизнисмени или политичари, порача претседателот, истакнувајќи дека верувам оти политичарите се со поголема одговорност  од другите граѓани и затоа и нивните евентуални  противзаконски  дејствија треба да бидат процесуирани со поголемо внимание  и дури и построго казнувани.

 

Освен кривично-правната одговорност, посочи Пендаровски, доколку има друга, каква било поврзаност со случајот, во смисла на давање заштита на лицата под истрага, инсистирам и на политичка одговорност на политичарите, независно дали се од власта или од опозицијата.

 

– Во овој контекст е најдобро, сите оние чии имиња се споменати, независно дали со основ или намерно, само со цел да бидат дискредитирани, самоиницијативно да дадат изјави пред надлежниот обвинител со цел да покажат дека пред законот и пред јавноста сме сите исти. Јавноста има право да ги знае нашите ставови, дури и ако се работи за најневеројатни конструкции или шпекулации произведени со нечесни намери, рече претседателот Пендаровски.

 

Како што оцени, изминатиов месец јавноста е сведок на огромна криминална афера која ги тресе темелите на важни државни институции и ја доведува под прашање, уште повеќе од досега, довербата на граѓаните во политичарите и во сопствената држава.

 

– Јас, јавно, уште на самите почетоци на аферата Рекет” го кажав својот став дека сум разочаран од тоа што го слушнав и повикав на брза и темелна истрага. Наместо тоа, надлежните отидоа на годишен одмор како да се работи за редовна состојба и за рутински предмет, а, не е така. Аудио и видео снимките кои се споделуваат на медиумите изминативе денови предизвикуваат длабоко разочарување кај сите граѓани, а особено кај оние кои со години и по цена на постојани притисоци и закани од поранешната власт протестираа секојдневно барајќи правда. Револтот кај граѓаните е огромен и сосема оправдан. И јас, како граѓанин, како човек, не само како претседател, сум разочаран затоа што се изневерени и моите очекувања и тоа најмногу од луѓето од кои очекуваме да се борат за правна држава, рече претседателот.

 

 

Тој потсети дека уште на самите почетоци на аферата Рекет” го кажал својот став дека е разочаран од тоа што го слушнал и повикал на брза и темелна истрага. Наместо тоа, рече претседателот на државата, надлежните отидоа на годишен одмор како да се работи за редовна состојба и за рутински предмет, а, не е така. Аудио и видео снимките кои се споделуваат на медиумите изминативе денови предизвикуваат длабоко разочарување кај сите граѓани, а особено кај оние кои со години и по цена на постојани притисоци и закани од поранешната власт протестираа секојдневно барајќи правда. Револтот кај граѓаните е огромен и сосема оправдан. И јас, како граѓанин, како човек, не само како претседател, сум разочаран затоа што се изневерени и моите очекувања и тоа најмногу од луѓето од кои очекуваме да се борат за правна држава, рече претседателот.

 

Очекува зголемен мониторинг и од медиумите и притоа, нагласи, треба да биде помалку битно кој ги набавил или дистрибуирал снимките од тоа дали содржината на разговорите е вистинита или не. Од  медиумите побара,  без да се нарушува слободата на изразување, внимателно да ги проверуваат информациите пласирани од различни страни  затоа што, како што укажа, лажните вести немаат за цел да ја имнформираат макеоднската јавност, туку да ја поткопаат вербата на граѓаните во правдата и државните институции.

 

Обвинителството на 15 минатиот месец отвори истрага против лицата Б.Ј и З.М, кои ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Првоосомничениот Б.Ј го товари и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.