Украдени 3.000 денари од црква во Беловиште, Тетовско

Во текот на викендот кражба е извршена во црква во тетовско Беловиште при што се украдени 3.000 денари. Кражбата се случилаво црквата „Свети Јован Крстител“, лоцирана во месноста „Петачко водиче“ на речиси два километра надвор од селото, што важи за фрекфрентно место со голем број посетители.

 

-Четириесет и петгодишниот домаќин на црквата вчера пријавил дека помеѓу 10 и 11 август засега непознати сторители извршиле кражба во црквата „Свети Јован Крстител“. Одземени се околу 3.000 денари, откако претходно со друг клуч ја отвориле дрвената влезна врата, информира СВР Тетово.

 

Екипа на СВР Тетово извршиле увид на самото место, по што се преземаат мерки за расчистување на случајот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.