Началникот на ГШ на норвешката армија во посета на Скопје

Делегација на Вооружените сили (ВС) на Кралството Норвешка, предводена од началникот на ГШ на ВС, адмирал Хакон Брун Хансен од денеска е во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија.

 

Како што е најавено, aдмиралот Хансен утре во Министерството за одбрана и Генералштабот ќе има средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

 

Резултат со слика за Началникот на ГШ на норвешката армија

 

Главни теми на средбата ќе бидат унапредување на билатералната воена соработка, трансформација на Армијата на Република Северна Македонија и искуствата од учеството во меѓународните мисии.

 

По активностите во Генералштабот, адмиралот Хансен ќе има средба со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.