СДСМ: Игор Јанушев не е тој што одлучува дали треба притвор и кој ќе сноси одговорност

Реакција на прес-конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ

 

Игор Јанушев од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е осомничено лице за злоупотреба на службена положба и овластувања во предмет од СЈО „Дизајн“.

Дали треба притвор и кој ќе сноси одговорност не е тема на која Јанушев одлучува, за тоа си има надлежни институции.

Игор Јанушев од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е осомничено лице за злоупотреба на службена положба и овластувања во предмет од СЈО „Дизајн“ и токму тоа е показател за вистинските намери на оваа очајна партија која се плаши од правдата.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски имаат единствена агенда на политичко делување: преку конструкции да ја урнат правната држава, да ги загрозат реформите и напредокот во интеграциите.

Лицата кои се на снимките се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, лицата како Орце Камчев, Зоран Кичеец, но и други за кои се водат истраги, исто како и лицата кои ги објавуваат материјалите.

Нема да успеат обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку претставување на тајкуните и криминалците како жртви, да ја оддалечат државата од влез во НАТО и започнување преговори со ЕУ.

Очајните обиди на ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат, отворените постапки против раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема да пропаднат како што сонува Мицкоски.

Напротив, сите отворени предмети мора да се расчистат до крај. Сите предмети како: Титаник, Тврдина, Таргет, Транспортер, ТНТ, Титаник 2, Тортура, Тврдина 2, Насилство во Центар, Трезор, Топлик, Тендери, Тарифа, Тенк, Труст, Триста, Тотал, Траекторија, Талир, Империја, Странски Служби, Актор, Лидери, Тарифа 2, Транспортер 2, Моќник, Дизајн, Поштенска банка, Пропаганда, Империја 2, Хармонија, Базни Станици, Подарок и еден куп други мора да добијат правен епилог, а оние кај кои ќе се утврди вина, да сносат одговорност.

Тоа важи и за актуелниот случај кој треба брзо да се разреши и секој, од прв до последен, кој е поврзан мора да одговара, вклучително и тајкуните на режимот.

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.