Исплатени субвенциите за продадено индустриско јаболко

На сметките на 2.100 јаболко производители во Преспа денеска легнаа 106 милиони денари од интервентната мерка за продадено индустриско јаболко во преработувачките капацитети, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

 

На денешната средба со преспаснките земјоделци и градоначалникот Живко Гошаревски, ги слушна проблемите со кои се соочуваат јаболко производителите и разговараа за актуелните теми.

 

– На средбата разговаравме за сите актуелни теми што како Министерство ги планираме, а тоа е пред се започнување плански инвестиции и изградба на откупно дистрибутивен центар во Ресен, истакна Димковски.

 

Индивидуалните земјоделци имаа можност да добијат и картички за „зелена нафта“.

 

– Веќе една недела како се делат зелените картички преку подрачните единици на Министерството за земјоделство и во овој момент имав можност да поразговарам со земјоделците за придобивките, додаде ресорниот министер.

 

На средбата, според градоначалникот Гошаревски, земјоделците добиле одговори на многу прашања, а министерот бил запознаен со последиците од невремето кое минатиот месец го зафати Преспанскиот регион.

 

– Завршивме со јанвиот повик за пријавување штети од невремето кое ја зафати Долна Преспа. Пријавени се околу 470 граѓани и зафатени се околу 420 хектари овошни насади. Се договоривме со министерот, административните процедури да се завршат што е можно побрзо со цел граѓаните да се обештетат за пократко време, истакна Гошаревски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.