Штипското училиште „Коле Нехтенин“ се подготвува за стартот на новата учебна година

Во регионалното средно електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ пред старот на новата учебна година во тек се инвестиции, кои чинат околу 500.000 денари. Директорот на СОУ „Коле Нехтенин“-Штип, Дејан Павлов вели дека во моментов во сите училници каде што нема паркет се поставува нова подна површина, сите холови се санирани, а се репарирани и обновени скршените столчиња и училишни клупи. Оваа година парите кои беа предвидени за реконструкиција на спортската сала, сепак, ќе бидат пренаменети за набавка на нов парен котел.

 

-Стариот парен котел е расипан, а исто така имаме и проблеми со дел од инсталација. Заради ова предвидовме тендерска постапка за набавка на нов парен котел и замена на цевките и радијаторите, коишто беа дотраени, а имавме и проблеми со загревањето на дел од училниците. Првичната проценка е дека оваа инвестиција ќе чини над 20.000 евра, вели Павлов.

 

Сите реконструкции и санации, како и набавката на новиот парен котел се реализираат од сопствените средства на училиштето. Павлов информира дека за реконструкцијата ан спортската сала, којашто е во лоша состојба доставил барање до ресорното министерство, Агенцијата за млади и спорт и Владата за добивање на средства. Според документацијата овој проект треба да чини пет милиони денари, а во него се опфатени замена на прозорците, подот и бојадисувањето.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.