Лица со попреченост од Неготино на еднодневна екскурзија во Маврово

Лица со попреченост, корисници на услугите на Дневниот центар „Порака“ во Неготино, реализираа еднодневна екскурзија во Маврово, информираа денеска од Центарот.

 

Од Центарот изразија голема  благодарност до митрополитот тетовско-гостиварски  Јосиф и свештениците од епархијата,  кои ја организирале екскурзијата.

 

 

– Започнавме со посета на црквата Свети Никола, имавме заеднички ручек, а беа организирани и спортски и забавни игри. Се запознавме со духовните и природни убавини на овој регион, се забавувавме и уживавме со езерските и планинските убавини, нагласија од Центарот.

 

За лицата  со попреченост и нивните асистенти,  од страна на свештениците од Гостиварското намесништво, била организирана и трпеза на љубовта.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.