Во Делчево се бара место повеќе за во градинка за новата воспитна година

Делчевската детска градинка „Весели Цветови“ раполага со вкупно 65 места за прием на нови дечиња кои ќе тргнат во градинка од септември. Како што информираше директорката на градинката Билјана Симовска, моментално на листата на чекање има вкупно 143 дечиња.

 

– Што се однесува до приемот на нови дечиња, оваа воспитна година ќе можат да се згрижат 65 деца, распоредени во сите возрасни групи, меѓу кои и 15 дечиња од ромска националнос,т кои се дел од проектот за инклузија на деца роми. Моментално листата на чекање изнесува 143 дечиња, а бројот континуирано се зголемува, информира Симовска.

 

За успешен старт на новата воспитна година, градинката годинава со средства од Министерството за труд и социјална политика ја реновираше кујната, а беше извршена и санација на подниот дел во таканаречените „јасли“.

 

– Со ова уште еднаш Министерството за труд и социјална политика, потврдува дека посветено работи на подобрување и унапредување на условите во детската заштита и на враќање на достоинството на персоналот којшто се грижи за децата во градинките. Освен оваа активност за успешен старт на новата воспитна година тековно е извршено и чистење на сите простории во градинката со завршно ДДР, додаде Симовска.

 

Во делчевската градинка во тек е и обновувањето на договорите за веќе постоечките корисници на услугите на градинката, кои согласно договорот своите обврски треба да ги измират своите сметки заклучно со месец јули 2019 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.