Штипјани даруваа крв за потребите на Трансфузиологија

Жителите на Штип денеска даруваа крв за потребите на Одделението за трансфулзиологија во Клиничка болница – Штип. Акцијата ја организираше Општинската организација на Црвениот крст за потребите на ова одделение, кое во текот на летото има зголемена потреба од крвни единици.

 

– Нашето население претежно ја има  крвната група А+ и О+ така потребата од овие крвни групи се навистина големи, меѓутоа секако потребни се и другите, изјави доктор Натали Иванова од Трансфузиологија – Штип.

 

Во текот на денот десетина крводарители кои сакале да даруваат крв  се вратени по направените анализи на хемоглобинот.

 

Секреаторот на Општинската организација на Црвениот крст – Штип Викторија Милановска е задоволна од одзивот на оваа акција.

 

Залихите на крвни единици периодов се во пад затоа упатувам апел до сите граѓани и здруженија да иницираат крводарителски акции. И понатаму Црвениот крст и Службата за трансфузиона медицина ја презема комплетната организација и реализација на акциите, вели Милановска.

 

Во Штип има регистрирано околу 3.000 крводарители.  За првите шест месеци од годината, организирани се 15 крводарителски акции во кои се собрани 250 крвни единици. Дополнително, самоиницијативно или организирано во Трансфузиологија се собрани над 1.000 крвни единици.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.