УХМР: Од утре попладне дожд со грмежи и силен ветер

Времето утре во претпладневните часови ќе биде сончево и особено многу топло на југот на земјата.

 

Попладне и во текот на ноќта, а најпрвин во северните делови, облачноста ќе се зголеми и на места ќе има пороен дожд со грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер. Услови за појава на дожд ќе има и во ноќните часови. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната од 32 до 40 степени. УВ ќе биде 9, соопшти УХМР.

 

Во Скопје, претпладне сончево и многу топло. Од пладне ќе има зголемена облачност и појава на повремено пороен дожд, грмежи засилен ветер и услови за град. Минималната температура ќе биде  21, а максималната ќе достигне до 38 степени.

 

Во четврток се уште ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи претежно попладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а дневните температури ќе бидат за 5 до 8 степени пониски. Посвежо ќе биде и во петок, а за викендот температурите ќе се постепен пораст.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.