Телефонски разговор Заев -Хан: Во брза и ефикасна постапка институциите да ги расчистат актуелните случаи

Институциите се должни во ефикасна постапка да ги расчистат актуелните случаи и без одлагање да ги процесуираат предметите за незаконското прислушување од минатото, констатирале премиерот Зоран Заев и комесарот на Европската унија за преговори, добрососедство и проширување, Јоханес Хан, во телефонски разговор вчера попладне, соопшти владината прес-служба.

 

Заев го информирал Хан за напорите и мерките што Владата активно и интензивно ги презема за борба против корупцијата и организираниот криминал, вклучувајќи го и случајот „Рекет“.

 

– Премиерот Заев ја потврди цврстата одлучност на Владата за целосно и неселективно расчистување на сите случаи на висока корупција уверувајќи го комесарот Хан дека се создадени услови за институциите од судството и обвинителството активно и непречено да се борат против криминалот икорупцијата. Премиерот Заев и комесарот Хан се согласија дека институциите на системот се должни во брза и ефикасна постапка да ги расчистат актуелните случаи, но и без одлагање да ги процесуираат предметите кои произлегуваат од незаконското прислушување од минатото, се вели во соопштението.

 

Заев и Хан, како што стои во соопштението, исто така заклучиле дека мора да продолжат напорите на политичките партии за усвојување на законот за јавно обвинителство во Собранието на РСМ, како и дека заедничка цел на сите политички фактори треба да биде позитивна одлука за почеток на преговорите на држвава со ЕУ  во октомври  годинава.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.