ВМРО-ДПМНЕ: Ги осудуваме навредите на Заев врз основа на сексуална определба

Криминалците се во Владата и ги води Зоран Заев. Тие ја уриваат Македонија и единствен начин да се спаси државата еда бидат поразени

 

Зоран Заев е во очевидна паника.  Доказите кои излегуваат во јавноста за случајот рекет, кои го стегаат обрачот околу него се флагрантни и од нив нема бегање. Одговорност мора да има.ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува навреди и заканите на Заев кон новинарите кои го обелоденија неговиот криминал.

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува и навредите врз основа на сексуалната определба. Настапот на Заев докажува дека Боки Тредичи е негова креатура и дека знаел за се што се случува. Толкав гнев и агресија кон луѓе со поинаква сексуална ориентација може да се објаснат само со огромна блискост во минатиот период.

Заев е очигледно исплашен од медиумските написи дека осомничениот Боки Тредичи има доказипротив него и ќе ги обелодени.Заев е главата на октоподот, мозокот кој ги движи пипките како Боки Тредичи, Зоки Кичеец и Катица Јанева.

Заев е човекот без чие знаење милионскиот рекет кој траеле со години воопшто и не би бил можен.Господине Заев одете си и оставете Македонија да заздрави од вас. Правда во Македонија ќе има, но не со вас на власт.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.