Заев се извини на ЛГБТИ заедницата

Премиерот Зоран Заев преку Твитер упати извинување до ЛГБТИ заедницата и појаснување дека во изјавата што ја даде вечерва зборот „педер“   го употребил за да даде карактерна особина, а не да означи сексуална припадност.

 

– ЛГБТИ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот „педер“ упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност. Извинување за ЛГБТИ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и досега, напиша Заев на „Твитер“.

 

Претходно, коментирајќи го случајот „Рекет“ Заев изјави дека нема, како што рече, да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и да ме извини ЛГБТ заедницата, еден педер да ја симнат оваа Влада од власт. – Не. Ќе се бориме до крај затоа што секој кој се инволвирал секако ќе си носи одговорност, изјави Заев.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.