Кривична пријава за лице од струшко Драслајца осомничено за злоупотреба на јавен повик за превоз на ученици

Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против Т.Д.(54) од струшкото село Драслајца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“.

 

Во текот на 2016 и 2017 година пријавениот, како управител на правното лице „Д–Алек 09“ од село Драслајца, при аплицирање во постапка за јавна набавка за превоз на ученици во три основни училишта на подрачје на Струга, изготвил и поднел лажно уверение за платени даноци и придонеси за 2016 и 2017 година.

 

– Како најповолен понудувач склучил договор за превоз на ученици со наведените училишта, со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 1.802.714 денари, соопшти денеска МВР.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.