Почна ликовната колонија „Ѓуриште“ во Свети Николе

Почна 14-тата по ред меѓународна ликовна колонија „Ѓуриште“ во Свети Николе. Сликари од Србија, Црна Гора, Бугарија и Северна Македонија веќе неколку денови творат на две локации во Светниколскиот регион. Градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски, кој денеска ги посети уметниците истакна дека традиционално на оваа ликовна колонија има работна атмосфера, а мотив им е природата и дружбата.

 

-Имаме вкупно 14 сликари, кои до сабота ќе творат на две локации. Станува збор за Ѓуриште и селото Црнилиште, каде што се сместени. Најмладиот сликар на колонијата е 23-годишниот Бојан Тасев од Свети Николе, а највозрасниот ни доаѓа од Србија, вели Велковски.

 

Ликовната колонија „Ѓуриште“ ја организира Домот за култура во Свети Николе, а 28-те слики од колонијата ќе бидат изложени на 14 септември на Денот на ослободувањето на Свети Николе.

 

Инаку, делата од оваа колонија публиката може да ги види во текот на годината, на изложби организирани од центрите за култура или музеите низ државата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.