Врховен одлучи – Морина нема да биде екстрадиран во Србија

Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска го потврди решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје од 7 август годинава, кој одлучил дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција во Србија на лицето Томор Морина, државјанин на Велика Британија и на Република Косово.

 

– Во образложението на решението е наведено дека лицето Т.М., чија што екстрадиција се бара, е државјанин на Р.К. и на В.Б., а не државјанин на Р.С., додека пак, кривичното дело за кое се бара екстрадиција на лицето е сторено на територија на Р.К., ставено под власт на Обединетите нации со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации S/RES/1244 (1999) од 10.06.1999 година, независно од 2008 година, која независност е признаена и од страна на Република Северна Македонија. Поради тоа, согласно со одредбите од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја и од Европската конвенција за екстрадиција со Првиот и Вториот Дополнителен протокол во врска со Законот за ратификација на Третиот доолнителен протокол на Европската конвенција за екстрадиција и Законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Србија за екстрадиција, судот нашол дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на лицето Т.М., објавено е на веб страницата на Врховниот суд.

 

Врховниот суд во совет составен од судиите: Рахилка Стојковска – претседател на советот, Шпенд Деваја и Африм Фидани, членови на советот, со виш судски соработник, по извршениот увид во списите приложени кон предметот, решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје КИОК-КС.бр.252/19 од 07.08.2019 година, а имајќи го предвид и мислењето на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, заклучи дека „решението е основано“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.