Во сообраќајка тешко настрада кичевчанка

– На локалниот пат за селото Грешница-кичевско вчера попладне патничко моторно возило „Опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Н.Р. (74) од истото село, излетало од патот. Сопатничката З.Р. (75) се здобила со тешки телесни повреди.

 

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од селото Грешница, по што била пренесена во Медицинскиот центар во Кичево. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево, информираат полициски извори.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.