Триста до четиристотини повици дневно во Брзата помош, зголемен број на случаи со мозочни удари

Од 300 до 400 повици дневно има во Службата за Итна медицинска помош (ИМП) во Скопје, како и 100 до 120 интервенции на нивни екипи. Дневно има и десеттина колапси на јавно место и зголемен број на случаи со мозочни удари, изјави за МИА раководителот на смена во ИМП, Маргарита Трипуновска.

 

Таа појасни дека граѓаните кои не се чувствуваат добро поради топлото време имаат кардиоваскуларни промени, главоболки, висок притисок, низок притисок, вртоглавица, повраќање, малаксаност, поспаност…

 

Посочи дека интервенираат и при сообраќајни незгоди, физички напади, кои се зачестени изминатите денови.

 

–  Граѓаните треба подолго време да престојуваат во разладени простории, да носат лесна облека, да внимаат на исхраната која треба да биде свежо подготвена, да пијат повеќе течности, да избегнуваат престој на отворено во периодот од 10 до 17 часот. Хронично болните навреме треба да ја земаат терапијата, додаде д-р Трипуновска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.