Пожар синоќа во Кавадарци, изгорел хектар борова шума

Пожарникарите од Кавадарци синоќа гаснеле пожар при силни грмотевици, во кој изгорел еден хектар борова шума. Како што информираа денеска за МИА од Територијалната противпожарна единица, на терен биле од околу 19 часот до еден час по полноќ.

 

-Пријавата за пожар во подножјето на ридот „Љубаш 2“ ја добивме додека во градот врнеше дожд, па мислевме дека дождовните капки ќе ни помогнат во совладувањето на пламените јазици. Но, на ридот што според кавадарчани, ги претставува белите дробови на градот, имаше само малку роса, па моравме да вложиме повеќе напори за да го совладаме огнот. Ни кажаа дека најверојатно во близина удрил гром, па се претпоставуваше дека тоа е причината за пожарот, рекоа од Противпожарната  служба.

 

Оттаму појаснија дека огнот го гаснеле седум пожарникари со две противпожарни возила. На помош им дошле луѓе и возило од Дирекцијата за заштита и спасување, како и работници со две возила од подружницата на „Македонски шуми” од Кавадарци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.