Можности за користење германски искуства во управувањето со животната средина

Можностите за пренесување на германските искуства и експертиза за управување со животната средина, биле тема на денешната средба на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини со директорот на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) за Северна Македонија и Косово Давид Оберхубер .

 

Како приоритетни области се наведени квалитет на воздух, управување со отпад и исполнување на барањата од Поглавје 27 „Животна средина“, соопшти по средбата ресорното Министерство.

 

Министерот Нуредини истакнал дека пренесувањето на германското искуство е одлична можност за нас преку координирана акција заедно со сите засегнати страни да обезбедиме поздрава животна средина на идните генерации.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.