Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 16 Август 2019
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева тврди дека не издала наредба за претрес на обвинителката Фатиме Фетаи и на другите обвинители и вели дека се работи за недоразбирање.
– Не е точно дека сум издала таква наредба, се работи за недоразбирање. Не сум расположена за повеќе разговор, изјавила Јанева за А1.он.
Инаку, се очекува Јанева во вторник во Одделот на ЈО за гонење на организиран криминал и корупција да сведочи во случајот „Рекет“, за што денеска сведочи обвинителот на СЈО, Бурим Рустеми, а веќе сведочеа обвинителките Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс