Во кумановската касарна „Боро Менков“ одбележан 18-ти Август – Денот на Армијата

Во кумановската касарна „Боро Менков“, денеска со воена свеченост на припадниците на единиците од гарнизон Куманово беше одбележан 18-ти Август – Денот на армијата. На свеченоста по повод 27 години од формирањето на Армијата на Република Северна Македонија присуствуваа преставници од Армијата, командантот на Националната гарда на Вермонт, аѓутант -генерал Грегори Најт, бригадниот генерал Грег Кембел и преставници од делегацијата, градоначалници од североисточниот регион, претставници од повеќе установи и институции, од бизнис заедницата и граѓани.Пред присутните се обрати командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), генерал мајор Павле Арсовски, кој во говорот ги истакна најзначајните моменти од развојот на Армија,  на ЗОК, на само два дена кога Армијата одбележува 27 години од формирањето и 70 години од основањето на НАТО-Алијансата. Тој се осврна и на учеството на Армијата во бројните мировни мисии, во вежбите, поддршката што ја дава за заедниците и на успесите на ЗОК.

 

-Пред нас и понатаму стојат големи предизвици, мисии и задачи. Секако, најголем предизивик ќе претставува целосното заокружување на нашето членството во НАТО- Алијансата и успешното реализирање на процесот на пристапување и интеграции. Периодот што следи ќе означува понатамошен развој и модернизација на Армијата со нова опрема и подобрување на инфраструктурата во која живееме и работиме, рече Арсовски.

 

 

На свеченоста зборуваше и командантот на првиот механизиран пешадиски баталјон, воедно и командант на гарнизонот Куманово, потполковник Стојанче Костов, кој се осврна на историските моменти од формирањето на Армијата.

 

-Да се биде припадник на Армијата претставува огромна чест задоволство, но и обврска. Императивите, обврските и одговорностите кои произлегуваат од војничката професија поеднакво ги делат сите нејзини припадници. Изминатите 27 години се успешна потврда дека со љубов кон татковината, лојалност, одговорност и посветеност кон реформите, цврсто уверени во нашите можности и во нашиот стручно респектабилен човечки потенцијал, изградивме Армија достојна за почит и целосно подготвена за полноправно членство во НАТО, рече Костов.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.