Целосно реконструирана улица „Мурат Бафтијари“ во Тетово

Општина Тетово соопшти дека е целосно завршена реконструкција на улицата „Мурат Бафтијари“. Таа е делница на потегот од излезот на Тетово за Попова Шапка се до населбата Горна Чаршија.

 

Според градоначалничката Тетута Арифи, ова е значајна придобивка за сообраќајот, особено за луѓето кои сакаат да дојдат во Тетово, а пристигаат од Попова Шапка, како и планинските села Шипковица, Бродец, Вешала и Бозовце.

 

Реконструкцијата на улицата „Мурат Бафтијари“ предвиде асфалтирање на патот во должина од 600 метри и шест метри ширина, како и тротоари од двете страни на улицата. Поставена е атмосферска канализација во должина од 500 метри и нова мрежа за водоснабдување со Ф 400 цевки. Има и јавно осветлување на 520 метри од улицата, изјави Арифи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.