Почина Злате Тодоровски, сопственик на ТВ Кисс од Тетово

По кратко боледување денеска почина Злате Тодоровски, основач и сопственик на Радио и Телевизија Кисс од Тетово. Тодоровски почина на 64 години. Погребот е утре, во 13 часот во родното место Жилче.

 

Злате Тодоровски ја основа Телевизија Кисс во 1994 година и во тоа време беше една од првите приватни телевизиски куќи во нашата држава. Во изминатите децении со раководство на Злате Тодоровски телевизијата стана најголем и најзначаен медиум за Полошкиот регион, а регионалните вести станаа препознатлив симбол за новинарско известување и низ целата земја.

 

Во радиото и телевизијата Тодоровски иницираше голем број проекти, емисии и други видови медиумски производи, а ги поддржуваше сите иницијативи на вработените за проширување на програмските пакети. Во 2013 година ТВ Кисс стана и регионална телевизија. Радио и Телевизија Кисс во овие децении беа места каде вработување имаа голем број новинари и други вработени во ТВ и радио продукција.

 

Тодоровски беше еден од основачите на долгогодишната манифестација „Полошки иселенички средби“. Злате Тодоровски беше семеен човек, татко, сопруг и дедо.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.