СДСМ: Мицкоски да признае дали се гледал со Груевски во Будимпешта

Мицкоски да не се крие туку да излезе пред граѓаните и да признае дали се гледал со Никола Груевски во Будимпешта?

 

Христијан Мицкоски да не се крие зад статуси на социјалните мрежи со кои се обидува да избега одговори на прашањата за кои треба да се изјсани.

 

Особено, откако призна дека се сретнал со еден од осомничените во случајот „Рекет“, споменатиот Зоки Кичеец.

 

Нема бегање од вистистината Мицкоски.

 

Како што призна еднаш, треба да излезеш пред граѓаните и да одговориш.

 

Дали си се среќавал со Никола Груевски во Будимпешта?

 

Дали во Унгарија и во Словенија Мицкоски си се гледал со уште некој и кој е тој?

 

Каква врска имаш со новинарот од италијанскиот весник?

 

Граѓаните, јавноста, очекуваат одговори на овие прашања.

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.