Гостивар доби монументална скулптура со името на градот

Скулптура со латинични букви од името на Гостивар е поставена во овој град, на самиот влез од Градскиот парк, непосредно до судската зграда. Поставени се седум букви и едно срце изработени од бетон.

 

Новото и модерно обележје на градот според димензиите е монументално, бидејќи секоја букава е висока два метра. Поставувањето е на иницијатива на Здружението за уметност и култура „Силиндарт“, а автор е Бурхан Ахмети, уметник од Гостивар.

 

– Гостивар, за жал, нема многу објекти од културното наследство, а и тие што ги има се слабо видливи или се во лоша состојба. Па заради тоа и посетителите не можат да ги фотографираат и стават во нивните фото албуми. Во ова време секој сака да понесе дел од некое место. Младите, пак, сакаат нешто атрактивно и современо и сметав дека токму со овој објект ќе им дадеме една можност повеќе за да се фотографираат и да понесат спомен од Гостивар, вели Ахмети.

 

Формата ќе биде трајна, но изгледот на скулптурата ќе се менува, зависно од приликите. Според Ахмети, на буквите ќе се испишуваат уметнички пораки при одбележување на некој празник во кој ќе бидат вклучени децата.

 

Наскоро објектот ќе биде осветлен што ќе го прави поатрактивен, особено во ноќните часови.

 

Склуптурата со името на Гостивар е реализрана со помош на Општина Гостивар и компаниите Им Бетон и Цели Транс.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.