Јанева: Се надевам дека со моите аргументи ќе се забрза истрагата за „Рекет“

Специјалната обвинителка Катица Јанева изутринава пристигна во Обвинителството за организиран криминал каде што треба да даде исказ за случајот „Рекет“ во кој осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милески за рекетирање на бизнисмени.

 

Јанева на доаѓање во Обвинителство изјави дека се надева оти со нејзиниот денешен исказ ќе поогне да се забрза истрагата за „Рекет“.

 

– Јас сум се уште специјален обвинител. Моите колеги имаат целосно овластување да ги застапуваат предметите пред суд. Се надевам дека ќе имаме повеќе разрешници оваа есен. Што се однесува до мојата изјава денеска се надевам дека со моите аргументи и мојата изјава ќе ја забрзам изјавата, рече Јанева

 

Досега во Обвинителството искази дадоа специјалните обвинители Лиле Стефанова, Елизабета Јосифоска и Бурим Рустеми, а вчера на распит во ООК беше донесен второосмничениот Зоран Милески – Кичеец, како и пензионерката Лилјана Тодоровски, која е потписничка на проектот за европски центар на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.

 

Јавниот обвинител Љубомир Јовески најави дека инволвираните во случајот „Рекет“ ќе бидат неселективно сослушани или распитани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.