Јовески: Советот на ЈО може да определи в.д. раководител на СЈО

За синот на Катица Јанева нема доволно основано сомнение дека е вмешан во какви било нелегални активности, истакна денеска на прес-конференција обвинителката Вилма Русковска по приведувањето на Специјалната обвинителка Катица Јанева за злоупотреба на службената положба и овластување.

 

Рускоска рече дека засега нема докази дека било кој друг колега е вмешан и дека моментално само е поднесен предлог за мерка притвор за Јанева.

 

-Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција нема барање за претрес на домови на политичари, а доколку има можеби е тоа по барање на друго обвинителство и тоа е друг случај кој не е поврзано со овој.

 

Јавниот обвинител Љубомир Јовески одговарајќи на прашање рече дека  согласноласно Законот сo кој е основано СЈО се уште има мандат и доколку Јавниот обвинител кој раководи со ова Обвинителствот е спречен, тогаш Советот на ЈО треба да го констатира и веднаш да определи в.д. обвинител кој ќе раководи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.