Општина Крива Паланка ќе додели стипендии за најуспешните спортисти од градот

Талентирани спортисти од Крива Паланка кои се натпреваруваат во индивидуални и екипни спортови ќе добијат стипендии од локалната самоуправа.

 

Ќе бидат доделени четири стипендии на талентирани ученици – спортисти во индивидуални спортови и четири за натпреварувачи во екипни спортови, во висина од 3.000 денари, девет месеци во годината.

 

Право на пријавување согласно објавениот јавен повик имаа сите спортисти и спортистки кои учат во основните училишта на подрачјето на општината и средните училишта од Република Северна Македонија.

 

Пријавените кандидати треба да се жители на општина Крива Паланка, да се ученици во основните училиште на подрачјето на општината или редовни ученици во средните училишта во државата,  да се активни спортистки и спортисти, членови на спортски/училишни клубови регистрирани на подрачјето на општина Крива Паланка и да се регистрирани во националните спортски федерации во државата и да имаат високи спортски постигнувања во претходната 2018 година и во 2019 година, се до завршување на јавниот повик.

 

Бодувањето ќе се врши  според остварениот успех во образованието, остварени високи резултати како репрезентативци, спортистки и спортисти во индивидуални спортови кои имаат освоени медали на светски, европски, балкански првенства и освоен висок пласман на истите,  кои со својот клуб го освоиле домашното првенство или купот на РСМ или постигнале истакнати лични индивидуални резултати ккао и успех во училишниот спорт.

 

Право на стипендија можат да остварат најмногу до двајца стипендисти од ист спорт.

 

Рокот на поднесување пријави со потребните документи е од 23 септември до 4 октомври 2019 година, а пријавите треба да се достават  во архивата на општина Крива Паланка, најдоцна до 15 часот на последниот ден од завршување на јавниот повик.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.