Преку ГП „Ново село“ лани 850 илјади премини, се рехабилтира најфрекфентната делница

Најфрекфентната делница во државата-патниот правец Струмица-граничен премин Ново Село на македонско-бугарската граница, се рехабилитира по повеќе од половина век, вели градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

 

Во 2017 година повеќе од 750 илјади премини се регистрирани преку граничниот премин Ново Село, а во 2018 година се забележани повеќе од 850 илјади.  – Ова се значителни бројки кои зборуваваат за растот на размена меѓу двете држави, но и од други држави кои го користат овој патен правец, изјави Јаневски, при неодамнешниот увид на работите на патот со ресорниот министер Горан Сугарески и со директорот за ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, беше истакнато дека патот што е изграден многу одамна е прилично дотраен.

 

-Долго време, укажа Јаневски, не само луѓето од општините коишто гравитираат кон овој пат, како што се Ново Село, Босилово и Струмица, туку и за други овој пат е влез за целата држава во ЕУ. Овој пат одигра значајна улога во некои поранешни времиња кога целиот извоз на стоки од нашата држава се одвиваше по овој правец и нормално е при таква интензивна експлоатација да се амортизира патот.

 

За градоначалникот на Босилово, Зоран Зимбаков овој патен правец е вистинска артерија за движење на стоки и патници.

 

-Лицето на една држава се препознава по квалитетната инфраструктура, односно патишта, така што при влез од граничниот премин со Бугарија ќе оставиме една добра слика за посетителите. Покрај тоа, овој пат е многу амортизиран и е изграден некаде во шеесетите години и со оваа рехабилитација слободно можам да каажам дека сите ќе имаме бенефит, рече градоначалникот на Босилово, Зоран Зимбаков.

 

Стариот слој асфалт којшто се отстранува од делницата во општина Босилово се користи за тампонирање на пристапните патишта до нивите со што се овозможува на земјоделците да имаат полесен пристап до своите посеви.

 

Патниот правец Струмица-граничен премин Ново Село се рехабилитира во должина од 12,3 километри, а вредноста на инвестицијата изнесува 1,8 милиони евра, обезбедени од Светска банка. Досега е завршено асфалтирањето на 8,2 километри.

 

Според директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Зоран Китанов најфрекветниот патен правец во државата е еден од дванаесетте, што се градат со средства од Светска банка по така наречениот „жолт видик“, со кој се опфатени патиштата кои се најмногу оштетени во државата.

 

– Ако прашате некој од населението кога овој патен правец е направен ќе ви кажат „од времето на Тито“. Многу е ветувано од минатите влади и во изминатиот период, но ете ние го реализираме тоа што го ветивме. Самата фреквенција покажува дека овој пат повеќе не може да ја апсорбира и затоа веќе се проектира експресен пат од граничниот премин Ново Село до Струмица и експресен пат кој ќе продолжи заедно со обиколницата до Коридор 10, кај Гевгелија и Смоквица, најави директорот Китанов.

 

До крајот на овој месец треба да почне рехабилитацијата на патот Радовиш-Струмица во должина од 5,5 километри, како и на регионалниот пат Струмица-Берово во должина од 10 километри. Освен тоа ќе се изработи проектна документација за патните правци Струмица-Валандово, Радовиш-Струмица на ниво на експресен пат, како и за изградба на регионален пат меѓу селата Долни Липовиќ во општина Конче и Рич во општина Струмица.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.