Поставување на ЛЕД-светилки на главните сообраќајници во Битола

Битолското Јавно комунално претпријатие „Комуналец“, кое е задолжено за комунален сервис за одржување на електричната мрежа за улично осветлување во Битола, интензивно врши промена на уличните светилки на главните сообраќајници во градот.

 

Од ЈП „Комуналец“- Битола информираат дека новиот начин на осветлување на најфреквентните сообраќајници со поставување на ЛЕД-светилки ќе овозможи поголемо осветлување на улиците, поголема безбедност во сообраќајот, заштеди на електрична енергија и намалување на материјалните трошоци.

 

 

– На подрачјето на Општина Битола има повеќе од 8.000 сијалични места за чие одржување се грижиме од денот кога Советот на Општина Битола донесе одлука за пренесување на правото за сервисирање и одржување на електричната мрежа за улично осветлување. Нашата програма која се базира на барањата на граѓаните ја реализираме во целост и затоа во овој период интензивно вршиме замена на уличните светилки со нови штедливи ЛЕД-светилки. Почнавме од најфреквентната улица „Васко Карангелески“ која како сообраќајница ги врзува булеварот „1. Мај“ и улицата „Партизанска“, и кои исто така ќе бидат опфатени со оваа активност на ЈП „Комуналец“, истакна директорот на претпријатието Панде Богоевски.

 

Од ЈП „Комуналец“ информираат дека бројот на сијалични места во градот и руралните населени места е во сооднос од 60 отсто во градот, наспроти 40 проценти во битолските села и сите редовно се одржуваат.

 

– Првата фаза на возобновување на запуштените сијалични места и отстранување на дефекти е зад нас, а пред нас е период на проценка за инсталирање и на нови сијалични столбови на места каде ќе се констатира дека уличното осветлување е незадоволително за што освен од нашите екипи, информации добиваме и од граѓаните, нагласи Богоевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.