Штетите од летното невреме во прилепско Канатларци и Тополчани проценети на 80 милиони денари

Штетата од невремето што на 24 јуни ги зафати селото Канатларци и околните населени места кога беа зафатени 642 хектари со земјоделски култури е проценета на 74 милиони денари, а невреметоп од 4 јули во Топочанско направило штети од шест милиона денари, стои во извештаите од  комисија за процена на штети. Извештајите ги усвоија прилепските советници на денешната 30 седница на општинскиот Совет.

 

Според претседателот на Советот, Миле Талески, извештајот ќе биде испратен до Второостепената владина комисија.

 

-Со невремето кое на 24 јуни ги зафати Канатларци и околните населени места, се зафатени 642 хектара земјиште со проценета штета од 74 милиони денари. Советот го усвои и извештајот за второто невреме кое на 4 јули го погоди подрачјето на Тополчани и другите населени места, кое зафати површина од 76 хектари, а висината на проценетата штета изнесува околу шест милиони денари. Овој извештај Советот ќе го испрати до Второстепената владина комисија која на следната седница треба да го усвои извештајот и да изврши обештетување на жителите, изјави Талевски.

 

На денешната седница, советниците дадоа согласност за отворање на продолжен престој за учениците во ООУ „Добре Јованоски“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.