Отворен меѓународниот Фис ролер ски куп „Тоше Проески“

Натпреварувачи од десеттина земји во наредните три дена ќе учествуваат на меѓународниот Фис ролер ски куп „Тоше Проески“ што се одржува во Крушево во организација на Скијачката федерација, Олимпик ски клубот од Крушево и Фондацијата Тоше Проески, со поддршка на Министерство за внатрешни работи, Агенција за млади и спорт и општините Крушево и Кривогаштани.

 

Натпреварот овозможува поени за учество на европски и светски манифестации, но и ја збогатува туристичката понуда во градот, која обилува со културни и спортски активности, кои го привлекуваат вниманието на туристите како од земјава, така и од странство.

 

-Имам чест да го отворам третото издание на Фис ролер ски купот „Тоше Проески“, a посебно задоволство ми причинува фактот што денеска сме сведоци на она што го посакавме во минатите години– овој спортски настан да се претвори во традиција која ќе ги чествува името и споменот на нашата музичка легенда Тоше Проески и ќе ги негува спортската култура и спортски трендови, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на отварањето на манифестацијата.

 

Нагласи дека од година во година бројот на земји – учеснички на овој меѓународен натпревар се повеќе се зголемува и додаде дека покрај резултатите, тие ќе ги понесат и впечатоците, спомените, дел од нашата традиција, историја и култура, промовирајќи го Крушево и целата наша земја.

 

-Радува фактот што секоја година сме сведоци на сѐ поголем раст на бројот на туристи, и тоа подеднакво, како во зимскиот, така и во летниот период, што заедно со проектите на општината, придонесуваат за економски раст и развој и ненаметливо го профилираат овој град во позната туристичка дестинација во регионот. На натпреварувачите им посакувам успешни настапи и врвни резултати, на гостите кои се викендов во Крушево незаборавни спомени, а на домаќините уште еднаш да го покажат познатото гостопримство, рече министерот Спасовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.