Пливачите се некаде на половина од Охридскиот маратон, нема откажувања, се очекува неизвесна трка до финишот
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 24 Август 2019
Учесниците на Охридскиот пливачки маратон моментално се наоѓаат некаде на половина од 25-километарската патека, во близина на селото Пештани.
Напред е издвоена група од десетина пливачи, но се уште е рано да се даваат какви било прогнози.
Темпото е добро, условите засега се одлични и се наговестува тесна и неизвесна трка.
Инаку, трасата води долж источното крајбрежје на Охридското Езеро што ја прави возбудлива и привлечна и за гледачите на плажите.
Според досегашниот тек на трката, првите пливачи на целта ќе пристигнат некаде после 17 часот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс