СДСМ:Успешно се реализира процесот на гасификација, завршени над 70 отсто од градежните работи на кракот Неготино – Прилеп – Битола

Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерки кои обезбедуваат чиста животна средина, како и пониски трошоци за граѓаните.

 

Интензивно се работи на процесот на гасификација на државата, клучна мерка на Владата предводена од СДСМ.

 

Заклучно со јули 2019 година завршени се нешто повеќе од 70 проценти од градежните и машинските работи на магистралниот гасовод Неготино-Прилеп-Битола. Овој проект треба да биде завршен до февруари 2020 година.

 

За капиталниот проект за гасификација на државата, за годинава се издвоени над 1 милијарда и 550 милиони денари, што е за 1,1 милијарда денари повеќе во споредба со 2018 година.

 

Процесот на гасификација ќе овозможи намалување на трошоците за енергија, но и намалени емисии на штетни гасови во воздухот што значително ќе влијае на надминување на проблемот со аерозагадувањето.

 

Владата, министерствата, општините и сите надлежни институции секојдневно се борат против проблемот со загадувањето на воздухот. Во таа насока е и набавката на четири еко-автобуси кои се вклучуваат во јавниот патнички транспортен систем во општина Прилеп.

 

Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализација на мерките што ја зголемуваат енергетската ефикасност, обезбедуваат здрава животна средина, помали трошоци за загревање и повеќе пари во семејните буџети.

 

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.