Дизелот поскапува половина денар, поевтинува БС 95

Бензинот Еуросупер БС – 95 поевтинува за половина денар, а за тој износ поскапуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинства од  ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

 

Новата цена на литар Еуросупер БС-95 изнесува 66,5 денари, а Еуросупер БС-98 и натаму ќе се продава по 69 денари.

 

Литар еуродизел (ДЕ V) ќе чини 61,50 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ01) по 51,5 денари.

 

Цената на мазуотот М-1 HC  се намалува за 0,664 денари за килограм и ќе изнесува 31,147 денари.

 

Малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 0,21 процент. Одлуката на РКЕ е донесена врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарт во однос на доларот во изминатите седум дена.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.