Општина Новаци инвестира во развој на меморијален и рурален туризам

Oпштина Новаци инвестира во развој на меморијален и рурален туризам, област во којашто, според тамошната локална самоуправа, се препознатливи  во државата и странство.

 

Од општината информираат дека за развој на туризмот се потребни инфраструктурни пристапи до секое населено место и затоа со поддршка на ЈП за државни патишта, завршена е реконструкцијата на патишта до селата Зовиќ, Рапеш и Старавина

 

-Интервениравме и во село Градешница бисерот на битолско Мариово и таму комплетно се поплочени улиците, обезбедивме техничка вода за наводнување на Долно Маало, а за поголема туристичка примамливост во селото поставивме споменик скулптура Коњ, изработен од шрапнели, остатоци од Првата светска војна. Наскоро Градешница ќе биде препознатлива по комплетно партерно уреденото капалиште на Градешка река под селото кое ќе биде атракција и место за уживање за туристите и локалното население, вели градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

 

Од Општина Новаци најавуваат дека по комплетирањето на проектната документација ќе почнат со поплочување на патот кој води до манастирот Св.Илија.

 

– И со овој проект уверени сме дека го развиваме меморијалниот и руралниот туризам и привлекуваме туристи од целиот свет, посочи Кузманоски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.