СДСМ: Панично изгледа ВМРО-ДПМНЕ, веројатно им стана јасно дека нема да куртулат од одговорност

Ако навистина некој обвинител го уценувал врвот на ВМРО-ДПМНЕ како што тврдат, зошто во белиот дворец молчеле 3 и повеќе години?

 

Ако е вистина дека биле уценувани, зошто тоа не го пријавиле веднаш? Сега ли им текна, откако е јасно дека не им успеа планот да ги минираат отворените истраги и предмети на СЈО?

 

Заради спас на белиот дворец, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, прават се за да ја попречат правдата, ама неуспешно.

 

Пропадна планот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за уништување на предметите на СЈО. Со преземањето на предметите од страна на Јавното обвинителство, целосно е обезбедена иднината на сите случаи на СЈО со цел тие да имаат своја разрешница во системот на јавното обвинителство и судство.

 

Правната држава е спасена, колку и тоа да не им се допаѓа на Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ.

 

ВМРО-ДПМНЕ е најголемата штета за Северна Македонија на патот до правда и на патот до Европската унија.

 

Со почит,

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.