Успешна екоакција околу Беровското Езеро

Во Берово денеска успешно е остварена екоакција на чистење на Беровско Езеро. Според информациите на вработените во Општина Берово, со акцијата за чистење беше опфатен патот што води во Детското одморалиште и комплексот „Аурора“ и пешачката патека популарна кај туристите што излегува на круната на браната.

 

– Голем број на граѓани и раководители на институциите го исчистија најрепрезентативниот дел на беровската природа, со која се гоордеме пред сите посетители и туристи. Во акцијата се вклучи и Јавното претпријатие за комунални услуги „Услуга“, овозможувајќи луѓе и ресурси за преземање на собраниот смет, истакнаа од Општината.

 

Во рамки на акцијата свој придонес даде и градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, кој изрази надеж дека таа ќе прерасне во традиционална. -Се надеваме дека ваквите акции ќе станат традиција, со цел зголемување на свеста за зачувување на животната средина, бидејќи чистата и незагадена животна средина директно влијае на квалитетот на животот на сите нас, рече Пекевски.

 

Беровскиот градоначалник вели дека се надева оти свеста на граѓаните ќе проработи и во иднина се повеќе ќе се внимава на зачувувањето на чистата животна средина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.